Како да го сликам Десктоп екранот?

Screenshot, односно слика од екранот, е можно да се добие на повеќе начини. Еден од наједноставните начини е преку програмот Боење (англ. Paint). Screenshot се прави така што:

  1. Одете на страната која што сакате да ја сликате.
  2. Во моментот кога на екранот од мониторот сакате да направите слика, потребно е да го притиснете копчето PrintScreen (PrtSc) од вашата тастатура. Со притискање на копчето “ќе го сликнете” целиот екран од мониторот. Исто така, ако сакате да направите принтскрин (слика) на екранот без околната позадина – притиснете CTRL+ALT+PRINTSCREEN.
  3. За да дојдете до алатката Paint неопходно е да кликнете на START/ALL PROGRAMS/ACCESSORISES/PAINT. Потоа копирајте COPY илиCTRL+C во програмата Боење (Paint).
  4. Кога во алатката (Paint) ќе кликнете na PASTE или/CTRL+V, ќе ви се појави слика од вашиот десктоп екран.
  5. Потоа кликнете на FILE/SAVE AS и сочувајте ја својата слика под име и екстензија по ваш избор. Наша препорака е .JPG форматот.
Post Anketa
Дали Ви беше од помош оваа содржина?
Ве молиме наведете ја причината за Вашето незадоволство, за да можеме да го подобриме содржината. Доколку сакате, можете да оставите Ваша е-пошта за да Ве контактираме со цел решавање на дилемите.