Како да уплатам депозит?

Уплата на депозит на својот кориснички налог може да се изврши со платежна картичка од било која банка.
За да извршите уплата на депозит со платежна картичка, потребно е да се најавите на вашиот кориснички налог.

Изберете го полето „Депозит“, по што е потребно да го изберете типот на картичката што ја користите за плаќање (Visa или Mastercard/Maestro). Откако ќе го изберете саканиот тип на картичка, ќе се отвори нов прозорец каде што треба да ја внесете сумата што сакате да ја уплатите на вашиот налог.
Штиклирајте го полето „Ги прифаќам условите за користење“ и кликнете на копчето „Уплати депозит“. По овој чекор, системот ќе Ве пренасочи кон прозорецот за плаќање. Во наведените полиња треба да ги внесете информациите за вашата платежна картичка.

Во полето „Број на картичка“ внесете го бројот што можете да го најдете на предната страна на вашата картичка

Во полето „CVV“, внесете го бројот кој се наоѓа на задната страна од вашата картичка:

Во полето „Датум на истекување“, внесете го датумот на истекување на картичката кој се наоѓа на предната страна:

Откако ќе ги пополните сите полиња со точните податоци, кликнете на копчето „Потврди“. Сервисот ќе Ве пренасочи на страницата за обработка на трансакцијата, каде што треба да почекате системот да потврди дали уплатата е успешна.

Доколку Вашата картичка е заштитена со дополнителен безбедносен чекор (Потврдена од VISA за VISA картички или 3D Secure за MasterCard), ќе бидете пренасочени на страница каде што треба да го внесете кодот на Вашата картичка како што е прикажано на сликата подолу. Кодот ќе го добиете во СМС порака од Вашата банка. Во случај да не го добиете кодот, Ве молиме контактирајте ја вашата банка.

По пренасочувањето, ќе добиете потврда дека трансакцијата е успешна и состојбата на вашата корисничка сметка Обложување ќе се зголеми за уплатениот износ.

Трансакциите можете да ги видите и на страницата „Мој налог“ > Трансакции. За секоја успешна или неуспешна трансакција што сте ја направиле, ќе добиете е-маил со детали на адресата со која сте се регистрирале на mozzartbetonline.mk

Минималниот износ на уплата е 250 денари.

Post Anketa
Дали Ви беше од помош оваа содржина?
Ве молиме наведете ја причината за Вашето незадоволство, за да можеме да го подобриме содржината. Доколку сакате, можете да оставите Ваша е-пошта за да Ве контактираме со цел решавање на дилемите.