Texas Hold’em Poker е виртуелна игра која се приредува со помош на генератор на случајност.
Texas Hold’em Poker се игра со стандарден шпил од 52 карти. Постои Dealer Button, предмет кој кружи во смер на сказалките од саатот од играч до играч и означува кој во таа рака треба да дели (доколку не постои личност која е задолжена само за тоа), а кој треба да стави задолжителен влог.
Во Texas Hold’em Poker постојат два задолжителни влогови и тие се нарекуваат блиндови. Играта започнува така што два играча кои седат лево од Dealer Button-от поставуваат задолжителни влогови т.н мал и голем блинд (small и big blind) пред почетокот на делење на картите. Големиот блинд е двојно поголем од малиот блинд.
По поставувањето на влоговите, на секој од играчите се делат по две карти, свртени со лицето надолу, така што само играчот на кој му се поделени има увид во нив. Поентата на играта е секој играч да состави најдобра комбинација со своите две карти кои му се поделени и петте карти кои делителот ќе ги извлече во текот на играта. Ова, како и во обичниот покер, се однесува на најдобрата петкаратна комбинација, значи од вкупно седум карти (две во рака и пет кои ги извлекол делителот) секој играч настојува да направи најдобра петкаратна комбинација, занемарувајќи ги другите две карти кои не учествуваат во комбинацијата. Тоа значи дека на крајот вашата рака може да се состои од:
- Вашите две карти и три карти кои ги извлекол делителот
- Ваша една карта и четири карти кои ги извлекол делителот
- Пет карти кои ги извлекол делителот
Оној кој ќе ја состави најдобрата комбинација е добитник и го добива ПОТ-от. Пот е збир на сите влогови во текот на една рака.
Кога на сите играчи ќе им се поделат по две карти, почнува првиот круг на вложување. Прв се прашува играчот лево од големиот блинд. За него, како и за сите останати после него, постојат три можности:
- Да го следи зададениот влог (во овој случај голем блинд) – Call
- Да подигне влог над зададениот влог – Raise
- Да се откаже од тековната рака и да ги врати картите на делителот – Fold
Кога картите ќе се вратат на делителот тие се тргаат на страна и не може да се користат повеќе во таа рака.
Секој следен играч исто така ги има овие три можности со тоа што ако играчот пред него го подигнал влогот над големиот блинд (raise) тогаш тој има можност за повторно подигање на влогот, што значи подигање на влогот за да биде поголем од тој на играчот пред него.
Исто така, ако играчот кој играл претходно го подигне влогот, следниот мора да ја вложи истата вредност или да ја зголеми, како би можел да продолжи со играта.
Откако ќе се заврши првиот круг, делителот ја отстранува првата карта од шпилот свртена со лицето надолу, ја трга на страна и таа не ја користи повеќе во таа рака, поставува три карти на средина на масата свртени со лицето нагоре. Тие карти го сочинуваат FLOP-от.
Вториот круг на вложување, како и секој нареден, почнува од играчот кој се наоѓа лево од Dealer Button. Доколку е фрлен пред отварање на флопот, се прашува наредниот играч до него и така натаму. Играчите, покрај горе трите опишани можности сега имаат и четврта можност, а тоа е Check. Тоа значи дека играчот останува во раката без дополнителни вложувања, секако тоа е возможно само доколку никој пред него не го подигнал влогот во вториот круг.
Кога еден играч ќе го подигне влогот, останатите можат да го следат тој влог (Call), да подигнат повеќе од претходникот (Re-Raise) или, ако мислат дека немаат никаква комбинација со своите две карти во раката и трите на flop-от (или не им се исплати да чекаат дилерот да извлече уште две карти), да се откажат од понатамошната игра во тоа делење (Fold).
Значи, на крајот од секое вложување, сите играчи мора да вложат иста количина на пари во потот, со еден исклучок – доколку некој играч отиде ALL-IN (ги вложи сите чипови кои ги има), тогаш дилерот прави Side Pot со кој се ограничува потот кој може да го освои играчот кој немал доволно чипови пред себе за регуларно да продолжи со раката. Покрај Side Pot-от останува и Main Pot за кој се борат играчите кои продолжиле со раката.
По завршување на вториот круг на вложување, делителот трга уште една карта на страна и извлекува четврта карта на масата која ја става покрај картите кои го сочинуваат флопот, така што сега постојат четири карти на масата со помош на кои играчите ги прават своите комбинации.
Третиот круг на вложување почнува по извлекување на Turn-от каде играчите се запознаени со четвртата карта и почнува нов круг на вложување.
Овој круг на вложување е ист како и претходниот.
По третиот круг на вложување, се става уште една карта на страна и се извлекува петта карта која се става покрај Turn-от, така што сега на масата имаме пет карти со кои играчите можат да комбинираат и да ја направат најјаката комбинација (плус секој по две карти во рака).
Правилата се исти како и за претходните два круга. На крајот на овој круг, сите играчи кои останале во игра ги отвараат своите карти и играчот кој има најјака комбинација го освојува потот.
Редоследот на јачина на раката е следниот:
- Royal Flush – пет поврзани најсилни карти со ист знак (од А – 10)
- Straight Flush – исто така пет поврзани карти со ист знак, но не најсилни
- Poker – четири исти карти
- Full House – две исти (пар) и три исти (trilling)
- Flush (боја) – пет било кои карти со ист знак
- Straight (кента) – пет поврзани карти со било кој знак
- Trilling – три исти
- Два пара – две исти и две исти
- Пар – две исти
- High Card – доколку никој од играчите нема ниедна од наведените комбинации, се гледа кој од нив има најсилна карта и тој го зима потот. Доколку таа е иста кај друг играч, потот се дели.