Како да откажам барање за исплата?

Доколку сте поднеле барање за исплата на средства на трансакциска сметка, но во меѓувреме сте се предомислиле или поради друга причина сакате да го откажете барањето за исплата, имате можност сами да ја откажете најавената резервација.

Сѐ што треба да направите е да се најавите на вашиот налог, кликнете на “Мој налог” во горниот десен агол и во менито одберете “Трансакции”.

Поставете го датумот на денот кога ја направивте резервацијата, пронајдете ја саканата резервација. Со клик на опцијата “Откажи”, иницирате откажување на најавената / резервираната исплата.

“Порака која ќе ви се појави откако ќе поднесете барање за откажување”

“Порака која ќе ви се појави откако ќе го потврдите откажувањето”

Во рок од неколку минути, средствата ќе бидат вратени на вашиот налог и ќе бидат достапни за игра, односно во состојба на располагање.

Забелешка:

Има временска рамка за откажување на најавената исплата и тоа:

  • За резервации направени од понеделник до четврток – до 23:30 часот истиот ден кога е поднесено барањето за исплата;
  • За резервации направени во петок, сабота и недела – до 23:30 часот на последниот неработен ден

Доколку истече периодот на откажување, ќе се прикаже следнава порака:

Time to cancel the reservation has expired“, а во тој случај потребно е да се почека да се изврши исплатата на трансакциската сметка. (да се реализира веќе закажаната исплата)

Post Anketa
Дали Ви беше од помош оваа содржина?
Ве молиме наведете ја причината за Вашето незадоволство, за да можеме да го подобриме содржината. Доколку сакате, можете да оставите Ваша е-пошта за да Ве контактираме со цел решавање на дилемите.