Доколку на тикетот одиграте 4 пара и систем 3 од 4, тоа значи дека треба да погодите минимум 3 натпревари како тикетот би бил добитен.
Во системот 3 од 4 има вкупно 4 комбинации. Уплатата по комбинација ја пресметуваме со делење на вкупната уплата на тикетот со вкупниот број на комбинации по тикет.
Доколку вкупната уплата на овој тикет е 1.000 MKD, уплатата по комбинација е 1.000/4=250, односно 250 MKD по една добитна комбинација. Да земеме на пример дека А, Б, Ц и Д ги претставуваат натпреварите на тикетот. Доколку се погодат три натпревари, тикетот е добитен, бидејќи минималниот услов бил точно 3 натпревари. Ако, на пример, се погодат натпреварите А, Б и Д, тогаш имаме една добитна комбинација, а тоа е А*Б*Д
- A квота 1.90
- B квота 1.95
- C квота 2.00
- D квота 1.80
(A 1.90 * B 1.95 * D 1.80)*250 MKD = 1.667,5 MKD добивка
Подолу се напишани комбинации на систем од 3 од 4 со вкупна уплата на тикет од 1.000 MKD, односно 250 MKD по комбинација:
- (A*B*Ц)* уплата по комбинација 250 MKD (1,90*1,95*2,00)*250=7,41*250=1852,5 МКД
- (А*Б*Д)* уплата по комбинација 250 MKD (1,90*1,95*1,80)*250=6,67*250=1667,5 МКД
- (A*Ц*Д)* уплата по комбинација 250 MKD (1,90*2,00*1,80)*250=6,84*250=1710 МКД
- (B*Ц*Д)* уплата по комбинација 250 MKD (1,95*2,00*1,80)*250=7,02*250=1755 МКД
Доколку се погодат сите четири натпревари, кога ќе ја броиме секоја комбинација посебно, потоа е потребно тие да се соберат за да се дојде до износот на исплата.
1852,5+1667,5+1710+1755=6.985 MKD.
Вкупната сума уплатена на тикетот во овој случај е 6.985 MKD
Доколку го играме истиот систем 3 од 4 со еден фикс, ја зголемуваме добивката, но условот на тикетот се менува. Потребно е натпреварот во фикс да биде погоден како и минимум 3 натпревари во системот за тикетот да биде добитен.
Добивката се пресметува така што добитната комбинација, на пр. (A*Б*Д)* уплата по комбинацијата се множи квотата од фиксот и на тој начин се добива износот на исплата

Забелешка:
*Минималната уплата по комбинација е 1 МКД.