Пред почеток на делењето, секој играч мора да вложи одредена сума на пари (чипови). Потоа на секој играч му се делат по две карти, а крупието зема една карта.
Цел на играта е да се направи резултат 21 или што поблиску до тоа. Доколку имате збир на картите поголем од 21, автоматски губите.
Картите со броеви вредат толку бодови колку што е бројот, а џандарот (Ј), дамата (Q) и кралот (К) вредат по 10 бодови. Единицата (А) вреди 11 бодови, ако збирот на другите карти е 10 или помал, односно еден бод доколку збирот на другите карти е 11 или поголем. Доколку имате две единици, една од нив мора да вреди 11 бодови, освен ако сите останати карти заедно вредат 10 или повеќе бодови.
Nakon deljenja svaki od igrača se redom pita da li želi da stane na prvobitno podeljenim dvema kartama stand ili želi da uzme još jednu kartu hit.
По делењето, секој од играчите по ред се прашува дали сака да остане на првобитно поделените две карти stand или сака да земе уште една карта hit.
Доколку играчот во збирот на двете почетни карти има 9,10 или 11, му се нуди можност за игра double. Во тој случај играчот го удвојува влогот и од крупието добива само уште една карта.
Ако добиете две исти карти, можете да ги раздвоите – split. За раздвојување потребно е да вложите износ еднаков на почениот влог. Потоа ја играте секоја карта како посебен играч. Доколку на една од тие карти повторно добиете две исти карти, можете повторно да ги раздвоите.
Во случај да во почетното делење добиете А и (10, Ј, Q или К) автоматски победувате и тоа се нарекува Blackjack.
Доколку по почетното делење одлучите да се предадете, тогаш играта се завршува и крупето автоматски Ви зема пола од вложените пари.
А како да ја одиграш оваа и други КАЗИНО ВО ЖИВО игри дознај ОВДЕ ↓